Pретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка, Тимчо Муцунски денеска остварија средба со амбасадор на ЕУ, Дејвид Гир.
На средбата Мицкоски нагласи дека прв национален приоритет мора да биде борбата против пандемијата со ковид-19 и преземање на мерки против здравствените и економските последици од истата.
Мицкоски истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ стратешки приоритет е полноправното членство во ЕУ, но дека тој пат подразбира конкретни реформи кои примарно мора да се насочат кон реформа на правосудниот систем и борба со корупцијата.
Истовремено, Мицкоски додаде дека негово очекување е дека патот на Македонија кон полноправно членство мора да биде гледано единствено низ призмата на остварувањето на објективните критериуми за членство и во таа смисла тој очекува што поскоро отварање на пристапните преговори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.