Откако министерот за здравство Венко Филипче на „Фејсбук“ напиша дека мерките кои се донесени не го „делат народот“ како што изненадувачки изјави лидерот на опозицијата, туку се нужни за заштита на граѓаните, здравствените работници и самиот здравствен систем, индиректно одговарајќи му на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи и Мицкоски.

Министер во Владата на СДСМ/ДУИ се стави над Уставот, ме укори и како Луј 14 рече: државата тоа сум јас…, пардон, тоа сме ние, мислејќи на СДСМ и некои други завршени апсолутистички времиња, истакнува Мицкоски.

Тој напиша:

Срамно! Хоби како планинарењето го поистовети со уставно загарантираното право на секој граѓанин, а тоа е правото на живот и правото на избор.

Мој став

Лично сум, и ги охрабрувам граѓаните да се вакцинираат, но истовремено, бидејќи сум легалист го почитувам уставното право на секој граѓанин да избере дали ќе се вакцинира или нема да се вакцинира. Силно ги осудувам најновите квази мерки на Министерот и Владата со кои во овие сложени здравствени, политички и економски моменти се делат граѓаните. Доколку наместо по провизии и сомнителни посредници, трговци со јужно овошје од Хонг Конг навреме набавевте вакцини со висок квалитет и степен на успешност, денес немаше да бидеме повторно на врвот на листата на држави со најголема прогресија на вирусот. Жалам што ќе мора уште кратко да трае оваа агонија за граѓаните со Вас како Влада, а уште повеќе жалам што како доктор здравјето на граѓаните го споредивте со хоби како што е планинарењето.

Филипче: Мерките не го делат народот, новите трендови со „делта-сојот“ се многу сериозни – Република (republika.mk)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.