Во денешно гостување во емисијата „Утрински Брифинг“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека Македонија во регионот има најмалку странски инвестиции, најголем криминал, и нема европско здравство и образование.

Вистинското прашање е потпишувајќи го тој договор и онаа лажна кампања за референдумот кога многумина наши сограѓани беа измамени е дали навистина ние добивме европско здравство, дали навистина добивме европско образование дали навистина добивме правда или сме најкорумпираната и најкриминалната држава во Европа, нагласи Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски додаде и неколку факти и податоци во однос на директните странски инвестиции во регионот.

Дали навистина добивме подобра економија, еве денес добив еден податок споредени се четири земји во регионот Албанија, Косово Србија и Македонија ние имаме убедливо најмалку директни странски инвестиции по глава на жител, некаде околу 115-116, Косово и Албанија се некаде околу 150 -160, Србија е веќе 220 -230 и повеќе по глава на жител. Таму се мерат во милијарди кај нас едвај во десетици милиони. тоа е суштината. Дали народот живее подобро, дали вие живеете подобро, дали луѓето околу нас се посреќни, не, се е спротивно и антипод на тоа што ни беше ветувано. Дали сме излажани, да, сме излажани, истакна Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.