Денот кога започна целиот процес за промена на уставното име на Република Македонија беше најтешкиот ден за мене во политиката – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој за време на вечерашното гостување во емисијата Отворено на телевизија Алфа нагласи дека само неколку дена потоа пред членовите на Централниот комитет поднел оставка, која била одбиена.
Одговорност чувствував и тогаш на тој 19 октомври кога започна практично процесот беше можеби најтешкиот ден во политиката, за да на 22 октомври пред членовите и делегатите на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ понесам одговорност и повикам на одржување на вонреден конгрес и сето тоа што следи. Но мојата инцијатива беше одбиена, вели претседателот Мицкоски.
Тој додаде дека не може да разбере како може некој толку многу да го понижи македонскиот народ, прашувајќи што толку многу ги мотивираше за да го направат тоа.
Тоа навистина претставува една трагедија која и ја приредија на Република Македонија, на македонскиот народ, на граѓаните на Република Македонија, едно понижување омаловажување и јас навистина не можам да го разберам oва чувство, кој е мотивот на овие луѓе што толку сакаат да си ја понижат сопствената држава, сопствениот народ и сопствените граѓани. Не знам што е тоа што толку ги мотивира, праша Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.