Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе се појави како сведок за случувањата во Собранието. Тој како и многумина други досега ќе каже што знае за тој 27 април 2017 година,односно дека партијата не е организатор на нередите.
Пред неколку недели исто како сведок се појави и тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев. Тој беше јасен дека Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски не се организатори ниту нарачатели на инцидентите во Собранието тој ден.
Клучно за овој случај може да биде вештачењето на вештакот Мирослав Котевски кој докажа дека сведокот на обвинителката Русковска, Александар Василевски-Нинџа лаже оти на 27 април бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Нинџа тој ден се движел низ центарот на градот, но базните станици покажаа дека тој воопшто не влегол во партиската зграда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.