Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ денеска им оддава почит на македонските херои од Втората светска војна Мирче Ацев и Страшо Пинџур кои загинале пред 78 години измачувани од тогашниот бугарски фашистички окупатор. Нивната борба е продолжување на борбата на Илинденците.
На денешен ден во 1943 година после сурово измачување од тогашниот бугарски фашистички окупатор убиени се македонските херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур. Ова не е политика, туку гол факт.
Нивната борба беше продолжување на борбата на Илинденците, а нашата денешна слобода е цутот на тој пркост. Ден кога треба да се потсетиме колку е скапа слободата, и колку е важна вистината. Слава им!, пишува Мицкоски.
На денешен ден во 1943 година после сурово измачување од тогашниот бугарски фашистички окупатор убиени се македонските…
Posted by Hristijan Mickoski on Monday, 4 January 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.