Денешниот празник нѐ потсетува на тоа како е создадена нашата слобода, колку жртви и колку упорност и храброст е потребна за ова што го имаме денес. Во таквата слобода се вградија плејада на жени и мажи кои предано и без задршка се трошеа за она во што непоколебливо веруваа и сонуваа, напиша Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

Таквата борба ги дефинираше нивните животи, но и ја одредуваше нашата иднина. Ова што го имаме денес не е плод на борбата на само една успешна генерација, туку саможртва на цела низа на генерации кои се бореа, гинеа, и одново се раѓаа нови јунаци кои продолжуваа таму каде потомците застануваа.
Уште само еден чекор нѐ дели од она за кое сите заедно сонуваме. Ништо не е невозможно. Победата е на дофат. Излезноста е клучот. Тие сакаат да наведнете глава, ние велиме – Гордо напред и главата горе!
Да покажеме дека промените се можни и дека тие не се ништо друго освен вашата сила и неумолива волја, надеж и стремеж за подобра, нова иднина… Затоа што вие и само вие сте силата на Македонија!
А ние вашиот глас и борец за вашите права. Македонија е жива, а ќе биде и напредна и силна. Затоа што Македонија била и ќе остане да биде вечна.
Благодарам на секоја една охриѓанка и охриѓанец, кои ја дадоа поддршката во првиот круг. Сега повторно ја барам поддршката во вториот круг, затоа што искрено верувам дека Д-р Кирил Пецаков е вистинската одлука за промени, проекти и победи во Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.