Во интервју за skopjeinfo.mk  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски говори за промените кои ќе ги донесе конгресот, работата на градоначалниците, визијата за Скопје и скопските општини, идниот развој на градот, идното дејствување на ВМРО ДПМНЕ, но и за дел од приватниот живот и приватните обврски на Претседателот на најголемата опозициска партија во Македонија.

Какво осежување ќе донесе конгресот во редовите на најголемата опозициска партија и на политичката сцена во Македонија? Може ли да очекуваме значајни кадровски и концепски промени?

Ќе понудам кадровски и концептуални промени. Промени кои јас ги дефинирам како засилување, но и нова фаза во делувањето што ќе подразбира и отворање кон пошироката јавност и мобилизација на интелектуалните и општествени капацитети кои ќе ги ставиме во функција на напредокот и изградбата на земјата. Да се обединиме околу важните прашања бидејќи и проблемите кои ги тиштат граѓаните се исти. Тогаш потребно е да ја земеме палката и покажеме како треба. ВМРО-ДПМНЕ направи во изминатиот 4 годишен период големи промени и застана на нозе, сега е време да почнеме да чекориме со големи чекори напред затоа што времето неодминливо тече, а народот оправдано бара резултати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.