Медиумите не се слободни, порача вчеравечер претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во „Заспиј ако можеш” на Алфа. Тој повика народот да не преќутува неправди и дека мора да се бори за едно здраво и демократско општество.
Генерално народот не е задоволен од власта и тоа се рефлектира врз рејтимзите на политичките партии. Уште поголема би била таа разлика доколку не постои таа репресија која оваа власт се обидува да ја прави врз медиумите. Кога би се оставиле медиумите да имаат слободна уредувачка политика тогаш гарантирам во моментот предноста на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во однос на СДСМ ќе биде двоцифрена. И тука нема дилеми, дециден е Мицкоски.
Тој потсети дека постојат национални медиуми кои не објавија веста за италијанскиот корисник на македонски пасош, а оние кои ја објавија, пак, ја сместија прес-конференцијата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ таму некаде пред временската прогноза.
А во првите вести зборуваат за тотално не битни работи и за економијата која наводно била во пораст што е небулоза. А истите тие позади камерите велат катастрофа е луѓе. Па чекајте, како ние ќе се бориме за здраво општество ако ја наведнуваме главата на јастуче. Па ќе исечат две, три или пет глави не можат да исечат 5 илјади или 50 илјади глави. Дајте да се бориме, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.