Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се сретна со претставници на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.
На состанок со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, силата којашто доаѓа и силата која ќе победи. Да направиме борбата на младите да не биде да извадат пасош на друга држава за да бараат егзистенција надвор, како во овие 30 години, туку шансата да ја создадеме тука во нашата родна Македонија. Не смееме да дозволиме загуби, тапкање во место и нови лаги. Изборот е: Или ќе ја смениме реалноста, или иднината ќе продолжи да бега, а државата да тоне. Имаме власт која земјава ја однесе во слепа улица и не нуди алтернативи, ниту одговори како понатаму. Власт во која младите матуранти со недели штрајкуваат и бојкотираат настава, а Владата тоа го крие, затоа што полесно им е да цензурираат отколку да решаваат проблеми, да лажат отколку да се соочат со проблемите. Младите ќе се изборат за својата шанса, сите тоа ним им го должиме, напиша Мицкоски на Фејсбук.
На состанок со Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, силата којашто доаѓа и силата која ќе победи. Да направиме борбата…
Posted by Hristijan Mickoski on Sunday, 20 December 2020
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.