Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 23 ти Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба. ВМРО ги опфатило сите напредни и прогресивни елементи во македонското општество, целата Македонска интелигенција, стопанствениците и работливите Македонски селани. Сите тие заедно ја почнаа борбата која резултираше со Илинден 1903, а кулминираше со Илинден 1944. ВМРО е симболот на Македонското единство. Под знамето за слобода се обединети сите и Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, сите кои сакале слободна Македонија, да бидат свои на своето. Таа нивна мисла била многу напред во тоа време бидејќи се темелела на принципите на солидарност, еднаквост, правда, правичност – стои во честитката испратена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој посочува дека нивната пожртвуваност тогаш е нашата слобода денес.
Да го вреднуваме тоа, да не дозволиме нивната жртва да биде залудна. Имаме огромна мисија да ја унапредуваме таа слобода, и да ја негуваме солидарноста, еднаквоста и правдата. Економски да ја развиваме нашата земја, да рушиме бариери и ѕидови кои раздвојуваат. ВМРО обединувало. ВМРО му припаѓа на народот. Нека е за многу години Денот на Македонската револуционерна борба. Честит празник Македонијо – нагасува Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.