Чуствувам одговорност  за резултатот на изборите и тука нема дилема, секогаш се водам од моите принципи, но по недвосмислената  доверба што ја добив од органите на  партијата ќе биде кукавички да избегам, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето дали ќе си поднесе оставка по поразот на изборите.

Со тоа, вели Мицкоски најсреќен би  бил политичкиот противник и една мала група која сака повторно да направи преврат во партијата за да може да користи во свои математики и пазарења.

Лично чуствувам одговорност што имаше една група на граѓани кои беа анти владини и имаа проопозициско расположение, но ние не успеавме да ги убедиме дека сме поразлични од сите претходни дека имаме капацитет за нешто поинаку и повеќе.Тие најчесто велеа не излегувам да гласам бидејќи сите се исти. Затоа не успеавме тие да ги мобилизираме и тука чуствувам најголема вина овие луѓе да ги убедиме да излезат да гласаат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.