ВМРО-ДПМНЕ преку министерот Наќе Чулев учествува во техничката влада, но ја користам и оваа прилика да кажам неколку работи, можеби за првата ќе бидам и погрешно разбран, но ако не ја споменам тогаш ќе останам должен кон јавноста, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дека и неговата партија учествува во техничката влада.

Единствен министер којшто вие можете да го сретнете на улиците, на пунктовите каде треба да се следи ограничувањето на движењето, единствен министер којшто вие можевте да го видите во првите борбени линии и во Дебар и на Табановце, и на Блаце, е токму тој министер. И неговата одговорност е да биде спроведен редот и мирот во државата. За жал господинот Наќе Чулев не учествува во здравствените политики, не учествува во економските политики, бидејќи си постојат економски министри во владата, иако ние подадовме рака номиниравме двајца претставници во тој економски совет, тоа е професорот Трајко Славески и техничкиот заменик министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, но послем онаа првична средба којашто морам да признаам изненадувачки лошо заврши без никакви заклучоци, апсолутно никакво фајде нема од тоа што подадовме рака и што ги понудивме нашите капацитети – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.