Цениме дека во овие 19 дена успеавме да допреме до секој кој сакаше да ја слушне нашата програма, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето интервју за дневникот на телевизија „Сител“.
Генерално би издвоил три дела од програмата, ние нудиме 1.000 решенија за 1.000 проблеми, а јас би сакал и 10.000 да понудиме. Но, ние како што јас тоа го зборувам на настаните на средбите со граѓани, ветуваме она кое што цениме дека ќе го испорачаме. Затоа што граѓаните се уморни од неисполнети ветувања и нереализирани очекувања. Затоа тоа што го нудиме таму имаме намера сериозно да го испорачаме бидејќи имаме јасна дефинирана методологија, посочи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека програмата се содржи главно во три столба.
Првиот столб се разбира е економски развој на државата. Втор столб е право и правна држава, а третиот столб од програмата е интензивна, брза, робусна интеграција во ЕУ. Ние чуда не ветуваме, чуда се невозможни, а ние не сме волшебници. И практично сето тоа што таму е содржано во овие 360 страни, ние имаме намера да го испорачаме. И ќе го испорачаме. И слободно затоа велиме се обврзуваме, појасни Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.