Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски соопшти дека на седницата на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ им го честитал приемот и членството во Организацијата на жени на Европската народна партија.
Тоа е значаен успех и потврда за нашата европска заложба и признание за нашиот придонес во афирмирањето на женските права. Доаѓа време кога жените, целосно уважувајќи ја нивната улога и права, го креваат гласот против неправдите на овој трул систем, барајќи го заслуженото. Ќе се избориме за нашата заедничка иднина, а жените се значаен столб во таа наша борба. Со Унијата на жени и останатите структури одиме до самиот крај, одиме на победа, а победата ќе значи обнова на Македонија, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.