Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју во емисијата „Клан Дебата“, на националната телевизија „Клан“, истакна дека Бугарија нема право повеќе да бара никакви отстапки ниту од македонскиот народ, ниту од Република Македонија.
Мицкоски нагласи дека времето на давање концесии завршило.
Мислам дека веќе тие немаат апсолутно ништо да бараат од нас, ниту како народ, ниту како држава. Завршија концесиите, толку е. Сега треба да имаме испорака и да го добиеме заслуженото. Станавме земја членка на НАТО треба да ги почнеме преговорите со ЕУ – дециден е Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.