Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното интервју во емисицијата „Клан Дебата“ на телевизија „Клан“, истакна дека во Македонија пациентите примаат инфузија во дворовите на болниците, посочувајќи го примерот во Кичево, додавајќи дека болничките капацитети се преоптоварени.
Таа недолучност, тоа калкулантство чини човечки животи. Сега седнати се таму три-четири скапо платени ПИ-ар агенции и им викаат „сега бидејќи немате што да правите обвинувајте ја опозицијата“. Ама не бива, им се смеат луѓето, им се смеат ги слушаат и велат „чекајте бе луѓе во иста ли држава живееме, вие навистина сте отсутни од реалноста“.
Па видете го денес оној пациент во Кичево како прима инфузија пред болницата. Се сеќавам еден таков случај имаше и во Струмица кога еден господин примаше инфузија пред болницата и не убедуваа дека тоа било на негово барање. Па јас не се сеќавам да слушнам пациент којшто бил во болница нешто да му се исполни на негово барање, па затоа постојат тие болнички услови. Како вие можете да кажете барањето на пациентот беше да прима инфузија на влезната порта од болницата.
Не, туку реалноста е друга. Нема место, преоптоварени се болниците, преоптпварени се болничките капацитети, а преоптоварени се затоа што никој не вложувал. Еве денеска слушнам од Клиниката за неврологија се побуниле вработените, рекле луѓе не е ова играчка, како ќе го правите ова Ковид Центар, му пишале писмо и на министерот – изјави Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.