Впишувањето на националноста во личните карти била дискутирана со грчкиот амбасадор во земјава, но немало предупредување од никого, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали имало предупредување од странски дипломат.
Немам јас такво предупредување, ниту каков било разговор за каков и да било аларм или предупредување дека некој би реагирал. Нормално беа, имаше состанок со амбасадорот на Грција, добија повратна информација. Ние по нашите дипломатски патишта тоа сме го провериле уште во времето кога тоа беше ветено во 2019 година, во почетокот на годината, кога се гласаа уставните промени согласно Преспанскиот договор. Така што нема никакво предупредување поради тоа што се работи за идентитетски прашања, како на Македонците, така и на Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и сите други – рече Заев денеска во Скопје.
Претходно Заев го обвини лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека лажел кога тој тврдеше дека има сериозна забелешка од страна на амбасадор на една наша соседна држава, во однос на впишувањето Македонец во личните карти.
Имено, Мицкоски се изјасни дека ВМРО-ДПМНЕ поддржува решение во личните карти да стои и етничката припадност на граѓаните, но дека законот е блокиран заради тоа што амбасадор од наша соседна земја имал сериозна забелешка по истиот.
Ако навистина Зоран Заев сака тоа да го направи, бидејќи досега брутално на 100 пати го прекрши правилото за користење на европското знаменце, еве зошто тоа не го направи сега и да го достави законот во рамките на Собранието со европското знаменце, да можам јас да се идентификувам себеси како Македонец. Нека го стави тоа со европско знаменце и ќе види јавноста дали е така. Инаку, апсолутно, да, тоа е одговорот, има сериозна забелешка од страна на амбасадор на една наша соседна држава – обелодени Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.