Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изрази убедување дека кандидатот на нивната партија за градоначалник на Кичево ќе победи на престојните локални избори. Запрашан дали неговата партија би го поддржала кандидатот Фатмир Лимани Мицкоски вели:

„Во една таква хипотетичка ситуација, во што не верувам, бидејќи во вториот круг Александар секако ќе влезе, прашање е дали ќе влезе со Фатмир Лимани или со Фатмир Дехари. Ако влезе со Лимани, се разбира, Александар е наша единствена опција и нема дилеми. Ако влезе со Дехари, повторно е наша единствена опција, но кога би бирал помеѓу Фатмир Лимани и Дехари, би го поддржал Фатмир Лимани“, рече Мицкоски појаснувајќи дека таквиот избор се должи на довербата која што ја има стекнато во него уште од времето кога заедно биле на раководна позиција во Елем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.