Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска излегоа и гласаа, бидејќи тие ја земаа судбината во свои раце. Тоа е единствениот начин како да се стави крај оваа апатија, на безнадежност која што владее во државата, на огромен криминал, корупција и сето она кое што изминатиов период навистина сериозен проблем. Без разлика за кого го дадоа својот глас ја имаат сета моја почит, и им благодарам за тоа што денеска го реализираа и го остварија своето граѓанско право и излегоа на избори – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако го оствари своето право на глас.
Тој не ги изостави прекршувањата на изборниот молк во текот на вчерашниот ден.
Апелирам, сето она што се случуваше во изминативе неколку денови, сите оние нерегуларности, притисоци, закани, уцени, поткупи може да се надмине само со масовна излезност. И затоа ги повикувам граѓаните, без разлика за кого ќе го дадат својот глас, тие најдобро знаат и секогаш се во право за кого ќе гласаат. Затоа повикувам на една голема и масовна излезеност, само така ќе може да се победи сето она што беше кое што беше погрешно изминатиов период – рече претседателот на опозицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.