Не смееме да дозволиме билатералното прашање со Бугарија да биде дел од условите за отпочнување на преговорите. Тоа го кажува и нашиот стратешки партнер САД. Надвор од процесот на преговарање треба да се решаваат билатералните прашања – порача лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ.

Мицкоски порача дека дефинирањето на црвените линии по ова прашање треба да биде и една од темите на средбата во понеделник со Зоран Заев.

Не може повеќе национални отстапки. Доста е, 30 години не газат. До кога ќе попуштаме, ни викаат сменете ова, сменете она ќе добиете датум, ќе почнете преговори ќе бидете во НАТО. Сега ни викаат уште ова да го решите, до кога ќе ни викаат. Мора да се исцртаат црвените линии. Ние сме Македонци, со своја култура, со свои обичаи и така натаму – изјави Мицкоски, .

Тој посочи дека ние сме единствениот народ на Балканот што сам создал држава и не сме имале патрони, како останатите балкански земји и дека народот сам, преку НОБ се изборил за своја држава.

Никој не смее да го прифати тоа. Тој што ќе го прифати тоа, тука завршува приказната. Ако нема критично тело за револуција на македонскиот народ, за тоа што тие ќе се осудат да го потпишат, тогаш тогаш тоа е тоа, престануваме да постоиме и престануваме да имаме држава – изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.