Македонија е разбудена, Македонија е на нозе во сите градови и села, сите маала, улици, сите населени места. Oд Куманово до Гевгелија, од Дебар до Делчево, цело Скопје, верното Ѓорче Петров, мојот Карпош, Центар, Чаир, Аеродром, тврдокорна Гази Баба, Бутел, секогаш бунтовната Кисела Вода, непобедливите Илинден, Петровец, Сопиште. Тука се Штип, Велес, Кавадарци, Неготино, Тетово, Гостивар, Струга, Охрид… Цела Македонија, Македонија е на нозе! Македонија ја носи промената, промената која ќе донесе правда над неправдите, ќе донесе надеж поразувајќи ја безнадежноста.

Бајракот на победата се вее гордо високо.

Со повика за промена која ќе донесе правда над напревдите вечерва пред Владата започна говорот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во предизборната канапања за претседателските избори 2019.

И овде пред мене, јас не гледам „сурати” како што ви кажал еден човек што има втора желба да биде претседател, а со него се слагаат овие внатре, скриени во овие згради кои сега се со начулени уши, туку да чујат, убаво да чујат, дека овде и насекаде во Македонија каде што бев и допрва ќе одиме има горд и убав народ, убави лица кои ја носат вердрината потребна на нашата земја, кои знаат дека за да Македонија оди напред потребна е казна за сите неправди, за сите грешни политики, и кога прашањето е Македонија, одговорот е народот, народот на оваа земја, рече Мицкоски.

Скопје секогаш на пролет мириса на липи, но оваа пролет има и еден друг мирис, многу интензивен, многу продорен… мириса на победа над заевизмот во Република Македонија кој како диво месо го гуши секој еден граѓанин. А ќе победиме само заедно. Еден до друг, обединети, во коалиција со народот. Не е онаа коалиција во скап луксузен хотел најголемата коалиција – најголемата коалициија е оваа, со народот, што ќе победи на 21 април, а потоа и на 5 мај.

Пред помалку од една година, на мојот прв голем митинг како претседател одовде порачав дека не знам дали ќе успеам или не, но дека е важно секој да верува во себе. Речиси една година потоа еве ме овде пред вас стојам и го имам одговорот, веерва ми помогавте, да УСПЕАВМЕ! Ви велам со сигурност ќе успееме, ќе успееме затоа што верувате во себе и знаете дека овие избори се шанса да се избориме, за нас, за вас, за вашите деца, за вашите пријатели, за заедничка иднина и надеж. Ова е борба за нашата татковина.

Затоа што не наведнавме глава кога беше најтешко, а тогаш човек минува низ страдања и искушенија кои се кршат на неговиот грб, но ние Македонците имаме пркост која победува неправди големи како планини, но и љубов кон нашата земја поголема од се друго. Таа љубов не исправа на правиот пат колку и тој да е тежок, колку и да каллив и темен.


Мицкоски рече дека оваа генерација ја има судбината одново и одново да ги преживува сите тешки бремиња опишани од нашите големи имиња од минатото.

Овој тежок живот денес го живее секој еден човек. А поминав илјадници километри низ нашата земја, не сретнав човек кој се пофали, човек кој рече добро живеам, зошто живот откако дојдоа овие, овде нема. Животот што го ветија пекол се претвори.

Пред неколку месеци бев во Свети Николе, дојде една стара жена од едно светиниколско село, ми вели знаеш синко нашето село секогаш било напаѓано во минатото од многу војски, нашите никогаш немаа шанса да победат, ама се бореа, пукаа, гинеа, ама даваа отпор, затоа што знаеја дека ќе чукне часот, ќе дојде денот кој ќе ја донесе слободата, и тој ден не е само победа на тие кои ја идзвојуваа, туку сите генерации кои во минатото се бореа за неја. Да дојде подобро, да се победи злото, ова секојдневие, рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.