Во гостување на дебатната емисија „Прашањето ми е следно“ на порталот Инфомакс, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, зборуваше за здравствената криза, економскиот колапс и лошите политики на Владата.

Мицкоски се осврна на анкетата која што се појави низ јавноста во однос на поддршката што ја уживаат политичките партии, лидерите, но и анкетата за 100-те денови на Владата на Зоран Заев. Мицкоски вели дека ова анкета јасно покажува колкаво влијание имале тие 33 милиони евра врз Телевизија Телма, како и најверојатно врз агенцијата која ја спровела анкетата.

Мицкоски додаде и дека оценката која Владата ја добила за нејзината работа во изминатите 100 денови е дури и условно кажано напумпана, поради тоа што и онаа оценка околи 2,5 на скала до 5 е преголема за она што досега го има сработено Владата.

Зоран Заев и СДСМ јасно знаат со што ќе се соочат на наредните парламентарни избори. Оваа анкета којашто се шири низ јавноста е само заблагодарување за оние 33 милиони евра за кои Заев и СДСМ жолчно се бореа изминатите денови. Но, граѓаните на Република Македонија јасно гледаат во која насока ја движи државата Зоран Заев и уверен сум во тоа дека оваа Влада нема да издржи уште долго – вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека ваквите високи проценти на поддршка коишто се изнесени во анкетата се тотално нереални и фингирани.

Сите сме сведоци на тоа какви притисоци се прават во администрацијата, приватните фирми, па дури и на дел од политичарите кои можеби немаат исто мислење со Заев, па затоа поддршката не може и не е логично да биде толкава како што СДСМ сака да ја прикаже во знак на немоќ – вели Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.