Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска преку видео-врска оствари  средба со шефицата на Специјалната мисија за оценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР, Лаима Андрикиене.

На средбата се разговарало за предвремените парламентарни избори и актуелната политичка ситуација во Македонија.

Изјавив дека овие избори ни носат поинакви предизвици, имајќи и ја во предвид состојбата со коронавирусот. Секој човечки живот вреди и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се загрози животот на македонските граѓани, токму затоа сите свои активности ќе ги организираме согласно препораките за заштита и превенција од Ковид-19.

Потенцирав дека и покрај залагањата за фер и демократски избори, очигледна е нервозата кај СДСМ која на самиот почеток го наруши изборниот процес со бомбата фрлена пред дуќанот на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и вербалниот напад од советникот на премиерот врз носителот во изборната единица 5 – Игор Дурловски, но и секојдневниот поткуп на социјално загрозените семејства низ Македонија, соопшти Мицскоки по средбата.

Тој ѝ нагласил дека Македонија се наоѓа во многу тешка ситуација особено на економски план, а власта не е способна да ја извади државата од кризата.

Истакнав дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма наречена Проект „Обнова“ со над 1.000 проекти нуди решенија за излез од кризата и обнова на Македонија од актуелната ситуација, соопшти Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.