Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за МТВ истакна дека штом земјава не доби датум за почеток на преговорите со Европската Унија, тогаш Алтернатива, која одлучи да влезе во коалиција со СДСМ и со ДУИ треба да излезе од Владата.
Ценам дека треба да излезат и да ги надминат своите суети и да повикаат на предвремени парламентарни избори, бидејќи оваа влада ваква каква што е нема иднина. Навистина повеќе не ја гледам потребата партијата на Африм Гаши да биде дел од владиното мнозинство, бидејќи партијата сè уште не е ни официјално дел од владата, само усно е дел. Клучната работа којашто нив ги обединува во таа нова влада е почетокот на преговорите, ако тоа не се случи, тогаш не ја гледам причината да останат во владата. И ако навистина Алтернатива, која значи алтернатива на ДУИ, тогаш ценам дека тие треба да излезат да ги надминат своите суети и фрустрации и да кажат повикуваме на обединување на опозиција, очигледно дека оваа влада ваква каква што е нема иднина, предвремени парламентарни избори и составување на влада – изјави Мицкоски.
Тој најави промени во својата партија и покрупен тим за работа во ВМРО-ДПМНЕ.
Тимот ќе се проширува со луѓе кои се искусни и со луѓе кои се општествено активни во Македонија. Капацитетот е истрошен на владејачката структура и мора да се прави нешто за да се даде одговор на предизвиците и проблемите. Затоа цениме дека кога кај противникот капацитетот е истрошен и со вака проширен капацитет не може ништо, тогаш ние се организираме и нудиме подобри персонални решенија – порача Мицкоски.
Оттука, додаде тој, со еден вид на проширен состав на Извршниот комитет можеме да понудиме персонални решенија и да привлечеме општествено активни ликови кои ќе бидат освежување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.