Правдата е нападната од неправдата, судската и обвинителската власт е брутално згазена. Аудио материјалот докажува и покажува мафија. Мафија која владее со секоја пора власт која треба да е независна, а не е. Мафија која ја одзема слободата и правдата. Мафија која три години е сојузник со криминалот кој останува неказнет. Мафија која ослободува убијци на мали деца додека премиерот си прави селфи со убијците. Мафија која диктира обвиненија, диктира пресуди на судии. Мафија која како свое царство го негува хибридниот режим на Заев, напиша на својот Фејсбук профил Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој додава:

Ова за нив е борба за спас на мафијата, за мене, за вас е борба за спас на нашата Македонија. Ќе ја вратиме правдата, и честа и го имате мојот збор, а тоа е во кодот на Македонецот, затоа што Македонците највеќе од се ја сакаат слободата и веруваат во неа како што веруваат и ја сакаат сопствената татковина, нашата преубава Македонија. Обновата ќе дојде, а народот е исправен и се исправа. Доаѓаат нови времиња. Одлучно напред за победа која што ќе биде блесокот на граѓаните кои си ги бараат и одбраниле своите права. Ако Зоран Заев е дилемата, 12-ти април 2020 е одговорот. Да живее ослободена, слободна Република Македонија!“

Ако Зоран Заев е дилемата, 12-ти април 2020 е одговорот!

Правдата е нападната од неправдата, судската и обвинителската власт е брутално згазена.Аудио материјалот докажува и покажува мафија. Мафија која владее со секоја пора власт која треба да е независна, а не е. Мафија која ја одзема слободата и правдата. Мафија која три години е сојузник со криминалот кој останува неказнет. Мафија која ослободува убијци на мали деца додека премиерот си прави селфи со убијците. Мафија која диктира обвиненија, диктира пресуди на судии. Мафија која како свое царство го негува хибридниот режим на Заев.Ова за нив е борба за спас на мафијата, за мене, за вас е борба за спас на нашата Македонија.Ќе ја вратиме правдата, и честа и го имате мојот збор, а тоа е во кодот на Македонецот, затоа што Македонците највеќе од се ја сакаат слободата и веруваат во неа како што веруваат и ја сакаат сопствената татковина, нашата преубава Македонија.Обновата ќе дојде, а народот е исправен и се исправа. Доаѓаат нови времиња. Одлучно напред за победа која што ќе биде блесокот на граѓаните кои си ги бараат и одбраниле своите права. Ако Зоран Заев е дилемата, 12-ти април 2020 е одговорот.Да живее ослободена, слободна Република Македонија!

Gepostet von Hristijan Mickoski am Freitag, 6. März 2020

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.