Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во  обраќање по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба искажа  јасен, концизен и прецизен став во врска со Гоце Делчев.

Доколку навистина биде прифатено од страна на оваа политичка мафија предводена од Зоран Заев дека Гоце Делчев во регионална смисла бил Македонец бидејќи бил роден на географската територија Македонија, а по националност бил бугарин, нашиот мајчин македонски јазик е лингвистичка форма на бугарскиот тоа ќе значи целосно асимилирање на македонската нација, удар во темелите на македонската нација и современата македонската држава и дополнително понижување. И одма да кажам дека ако оваа мафија на чело со Заев донесе таква одлука следната влада на ВМРО-ДПМНЕ, истата таа одлука веднаш ќе ја поништи и никогаш понатаму нема да ја почитува. Нека остане кажано и запишано, да не биде потоа не сме кажале и не сме предупредиле – порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.