Ако Владата постигне решение со која ќе го запази идeнтитетот, историјата, јазикот и го заштити малцинството, тогаш еве кажувам дека ќе бидам првиот, ќе бидам првиот кој тој договор ќе го поздрави и поддржи. Затоа што е многу важно да отпочнеме преговори со Европската Унија, тоа е еден од најважните стратешки интереси за земјава, затоа што државава нема друга алтернатива. Но во исто време ние имаме должност и да опстоиме како Македонци. И таа битка за нашите стратешки интереси не смее да биде по секоја цена, односно по цена ние да престанеме да постоиме. Не смееме во нашата единствена цел за интегрирање во Унијата да се изгубиме како народ, туку сочувани да влеземе таму.
Оваа наша позиција е многу фер. Затоа што Заев овие разговори ги прави еднострано без консезус со опозицијата – истакна на денешната прес конференција, Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.