Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вечерва во „Само Интервју“, во Канал 5 телевизија, во врска со пописот истакна дека ако власта ги игнорира граѓанските потписи и не го стопира пописот, ќе испрати апел за масовно попишување на сите граѓани и оние во дијаспората за да се остави трага.

Мицкоски вели дека се надева дека власта ќе ја прифати иницијативата од страна на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на законот за попис со собирање на потписи и истата да помине во Собранието, односно од владеачкото мнозинство, а доколку тоа не се случи ќе апелира до граѓаните масовно да се попишуваат.

Не очекувам дека таков политичар имаме во парламентот кој ако се потпишат над 100, 000 граѓани истите нема да ги сметаат, и ако тоа некој го одлучи значи дека директно прифаќа партиска наредба и ако тоа не е политизација и партизација на операција која треба да биде статистичка не знам што е – вели Мицкоски.

Мицкоски посочи но доколку се одбие иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, тогаш првиот чекор ќе биде апел до сите граѓани и македонската дијаспора и до сите оние кои имаат недоверба на овој процес да се попишат, да се пријават и да се попишат, вели тој.

Само така ќе оставиме трага во системот, која ќе биде ревидирана од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ, доколку една единка постои со фалсификат матичен број ние ќе организираме вистински електронски попис, кој ќе даде одговор на прашањето каква е демографијата во Македонија, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.