Aко предавството (или- штетен договор) се случи и има штетен договор со кој ќе се порекне македонски јазик, идентитет, историја, или постоење на македонско малцинство тогаш наредната Влада на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го поништи. А Заев ќе дојде ден кога ќе одговара пред историјата и законите – нагласи лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција.

Според него овие неколку дена се многу значајни во разговорите со источниот сосед, а искуството со оваа влада вели дека мора да се биде претпазлив.

Апелирам Владата на Заев како свој прв приоритет нека ги постави заштита на националните и стратешки интереси и да постигне решение не по цена на самопрокнување и бришење, решение кое ќе биде гарантор на нашиот идентиет, јазик и посебност и виза за непречен почеток на преговори со ЕУ – рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.