Не може за министерството за образование имињата на училиштата да се поважни од условите за настава и состојбата на објектот, рече денеска во одговор на новинарско прашање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Запрашан за коментар во врска со промената на имињата на две училишта во Чаир, Мицкоски вели:
„Ако во нашиот образовен процес имињата на училиштата се суштински, а не квалитетот на наставата, тогаш ние живееме во едни други времиња. Јас повеќе би сакал тие училишта да се полни со ученици, да има внатре повеќе надгледни и образовни средства, отколку пред избори да го слушаме Заев како се препелка, те вака било те така било. А, од трета страна да гледаме дека во Тетово гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, сѐ уште учениците учат во субстандардни услови“, рече Мицкоски.
А условите во училиштата на кои се менува името се катастрофални. Ова се фотографиите од училиштето „Исмаил Кемали“ или како штобеше досега „Рајко Жинзифов“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.











Comments are closed for this post.