Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното интервју на МТВ говорејќи за односите Македонија-Бугарија и нашето пристапување во ЕУ со јасна порака до сите инволвирани.
„Ако европските бирократи продолжат да стојат на страна и покрај хегемонистичките и големодржавни идеи на Бугарија и не ги почитуваат нашите заложби за Европската унија, тогаш заклучувам дека не споделуваме исти вредности, треба да се европеизираме сами и да чекаме други гарнитури политичари со кои сме на иста линија“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Според него „ако нашите партнери не застанат зад моето право на јазик, идентитет, историја тоа значи дека не споделуваме исти вредности“. Мицкоски укаѓа дека доколку европските партнери сакаат тие треба да и кажат на Бугарија да не споделува вакви хегемонистички и големодржавни идеи и да ја убедат дека Македонија треба да почне преговори. „Не би сакал да верувам дека овие акробации на Бугарија се за една употреба во насока на тоа што следи кај нив за неколку месеци, а тоа се парламентарни избори“, заклучи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.