Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан мискоски од Аеродром порача, поддржете ја Гордана Силјановска Давкова за претседател, застанете рамо до рамо со народот, застанете со нас, мора да продолжиме да се бориме и да се избориме сонот за Македонија да стане јаве. Победуваат мотивираните и храбрите. Ајде заедно да побдеиме на 21 април и 5 мај.
Неправда е кога ќе ветувате реновиранани болници, клиники, а реалната слика е кога сте власт ќе ги приватизирате истите, а нема ништо ни од 100 илјади плата, неправда е кога ветувате и повисоки пензии, а денеска ги намалувате пензиите, денеска пензионерите имаат 400/500 денари пониска пензија. Неправда е кога ветувате почист воздух, а сме најзагаден град во европа, и во топ пет во светот. Неправда се и повисоките даниоци. Свесен сум за сите оние предрасуди што граѓаните во Рпебулика Мкаеднија ги имаат кон политичарите. Но сум и подготвен да замолам за можност ова политичко мучуриште заедно со народот да го исчистиме, да понудиме покретивни решенија. Подготвени сме да признаеме и да се извиниме за се што сме погрешиле во минатото. Но исто така сме подготвени да понудиме решенија за да ги исправиме грешките. Потребна ни е вашата поддршка на претседателските избори, потоа следуваат и предвремени парламентарни избори, неправда е патриоти да лежат робја со казни поголеми од два века, затоа сакам да им се обратам на сите вработени во локалната самуправа, администрацијата, знам дека има притисоци. Но треба да знаете дека позади гласачката кутија секој е владетел над сопственитот глас. Да се обединиме позади Гордана Силјановска Давкова за претседател. Сакам да се обратам и на студентите, вие студентите ја избравта Гордана за најиспираривен професор. Дојдете, пддржете не на овие избори. Сакам да се обратам и до пензионерите. Ајде застанете со нас да ја поддржиме Силјановска Давкова, да ја отвориме вратата за нови парламентарни избори. Знам претприемачи дека и вас ве притискаат, се знае и тарифата од пет до 15 проценити. На колена е Зоран Заев и СДСМ, да ја отвориме портата на нови парламентарни избори. Сакаме да бидеме партнери, ние, новата Влада во РМ и вие бизнисот да ја обогатиме Македонија, истакна Мицкоски пред жителите во Аеродром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.