Дали СДСМ ќе прифати СЈО да се занимава и со работите по 2015, како и пред 2008 година, а не само во периодот од 2008 до 2015 година?! Ова веќерва јавно го побара лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за време на дуелот.

Ние велиме во ред нека биде вклучен периодот 2008-2015 година, немаме проблем. Ама ајде да видиме што се случи после 2015 година, кога Јовески на прес конференција рече дека се снимани разговори во овинителството, а Спасовски рече дека материјалите се на сигурно. Што се случи пред 2008 година периодот. Ајде за тоа да разговараме. Ајде да ги видиме тие скандали. Да разговараме за приватизацијата на ЕСМ и Телеком. Кој му овозможи продлжена монополска положба на Телеком“, рече Христијан Мицкоски.

Тој го повтори ставот на ВМРО-ДПМНЕ околу СЈО.

-ВМРО ДПМНЕ е за инкорпориње на СЈО во ракмите на ЈО како посебен оддел, кој би се викал оддел за вискока корупција и организиран криминал, а не посебно СЈО, порача Мицкоски.

Заев пак за целосна независност на СЈО, вели дијалогот продолжува, сите да направиме се со консензус, бидејќи е важна реформа на правосудниот систем кој е услов за почеток на преговорите на ЕУ. Тој призна дека не ги знае амандманите кои ВМРО – ДПМНЕ ги има поднесено, но се интересираше дали ВМРО-ДПМНЕ ќе прифати овој закон да се донесе или ќе ја блокира иднината на, како што кажа, Македонија.

Вие го штитите криминалот. Повторно нашата земја да не добие датум за преговори, како што тоа го правевте со договорот со Грција, за НАТО  – рече Заев.

Мицкоски посочи дека нема да прифатат по секоја цена закон за СЈО, кој ќе остане само алатка на власта за вршење притисок врз ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.