Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Делчево побара граѓаните на 21 април и 5 мај да гласаат за прф.др Гордана Силјановска Давкова, ве молам дојдете со нас да ја отвориме вратата кон идна влада со нови политики, повика Христијан Мицкоски.

Заедно со народот треба да ја кренема Македонија од пепелта. Да ги пратиме на 21 април и 5 мај во минатото. Денеска бевме сведоци на реално шоу. Прво не снимаа во поехчево, па во Берово, претпоставувам дека не снимаат и тука. Ние сме на вистинската страна, на честита и достоинствена Р. Македонија. Треба сите да сме горди што во ова време на притисисоци и закани не има толку многу, нема да знаат што ги снашло. Со една огромна попбеда да си ја ослободиме Македонија. Го имаме борецот кој е заштитник на правото и правдината, изборот е јасен, дари браќа и сестри. Во Скопје се собрала една мала група луѓе да го поддржат Пендаровски Стево. Таму деспотот излезе деспотот и кажа дека го зајакнал идентитетот. Се срамеше да ја пее Денес над Македонија, се срамеше да ја потстрои македонската гарда. Неговиот идентитет се урна како кила од карти, затоа ние потребна победа, од таа криминална транзиција еднаш засекогаш ќе расчистиме, истакна Мицкоски.

Ние денеска живееме со полно  неправди, во време кога овие политички измамници ни велат со украдени вреќи пари да чекориме напред. Јас сакам да чекориме напред достоинствени, честити и со гордо крената глава. Тие луѓе се откажаа од својата историја и минато, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски потесетии дека единствената реформа која ја исполни оваа власт била најболната за македонскиот народ.

Единствената реформа која ја направија е најболната, а тоа е нашиот идентитет, ова боли пече. поминавме илјадници километри низ Македонија. Сите тие луѓе се обединија со маката. Ветуваа живот, но тој живот додје само за неколку фамилии.

 

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повика на победа на 21 април и 5 мај, од народот побара поддршка за како што рече тој Македонија да прерасне во технолошки тигар на Балканот.

Овие политички измамници имаат една и едиствена филозофија. Да лажат. Ве повикувам да застанете со нас. Свесен сум и за нашите грешки во минатито, подготвен сум како претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да побарам прошка. Застенете со нас заедно да ги корегираме тие грешки. Да воведеме нови политики, решенија. Да направиме од Македонија Технолошки тигар, повика во Делчево Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.