Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги коментира црните епидемиолошки бројки кои покажуваат дека во последните 24 часа дури 35 граѓани го загубиле животот како последица на корона вирусот, а има и 1.320 нови заразени.
Црн ден за Македонија, кога се руши нов црн рекорд.
35 починати и 1.320 нови случаи на корона… Ако навремено се почнеше со вакцинација, оваа бројка ќе беше помала. Ама провизиите им беа пред здравјето. И сакаат попис со вакви бројки… Баталете и попис и сѐ друго. Животот на граѓаните е на ивица, на раб, пред амбис.
Оваа Влада ќе биде запишана со црни букви во историјата. Како најкриминалната и најнеспособната – коментира Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.