Тој ден и неделите претходно народот сам се организараше и протестираше, а на тие протести кога можев, присуствував и јас, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ по рочиштето за „27 април“, на кое беше повикан како сведок.

Пред медиумите Мицкоски рече дека ги поддржал протестите против погрешните политики во најава.

Ценам дека на тој начин е демократско право на секој граѓанин во една демократска држава да изрази револт против определени политички девијантни однесувања на определени политички структури и политички партии, во случајот тоа беше СДСМ и сето она кое што во тој период СДСМ го најавуваше доколку е партија која што ќе ја формира владата, изјави Мицкоски.

Во тоа време, потсети претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, вршел државна функција, генерален директор на АД Електрани на Македонија, бил советник на претседателот на владата и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Оттука нормално е човек од градот кој познава многу луѓе, па и јавни личности со конзервативни десни сфаќања да има контакти со истомисленици.

Ниту Извршниот комитет ниту било кој член на ВМРО- ДПМНЕ е дел од организацијата на ова самоорганизирање на народот кој што се случуваше во тој период. Ова е очигледно дека станува збор за сериозен  и жестоко монтиран политички процес. Политички процес кој што има единствена цел да нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ, политички процес кој што има за цел да врши политички терор врз активистите и членовите на ВМРО – ДПМНЕ и политички поицес од кој некој профитираше, а некој сериозно загуби.  Јас ценам дека после 27 Април сериозно загуби ВМРО-ДПМНЕ а веднаш после тие настани влада направи СДСМ и Зоран Заев. Можеби тој одговор на ова прашање ќе ви послужи да истражите и да иницирате кој го осмисли сето тоа, кој го спроведе и зошто се случи. Никако тој што загуби од тој процес не може да биде ниту испиратор, ниту сценарист ниту оперативно да го спроведе. Јас повеќе би се задржал на тоа кој профитираше и кој имаше бенефит од сето тоа.  За жал, на грбот на граѓаните и на грбот на демократијата во нашата држава. После тој ден веќе ништо не е исто, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дена не е скаран или замерен со никого од присутните во судницата, а и дека со Груевски, тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се видел на седница на ИК и немал тој ден други контакти со него. .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.