За време на гостување на Инфомакс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека случајот за 27 април е политички монтиран, како и дека има луѓе кои лежат во затвор, а се невини.
Јас сум го кажал мојот став по тоа прашање, жалам за тоа што им се случуваше на тие луѓе кои беа жртви на насилство и тоа не смее никогаш да се повтори, но фактот е дека она што го кажа вештото лице е дека изјавата дадена од сведокот во суштина не е точна. Значи изјавата на сведокот дека во тие моменти се наоѓал во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ не е точна, односно тој не бил таму. Ако тоа не е монтиран политички случај тогаш што е – потенцира Мицкоски.
Тој изјави дека обвинителката му поставила само едно прашање – дали тоа што бил пред вратите на Собранието значело дека сакал да влезе. Како што вели Мицкоски, тоа што немало потемелно испитување од страна на обвинителката укажува дека овој случај е политички монтиран.
Таму има невини луѓе коишто лежат во затвор, јас не можам да се смирам што тоа е така. На крајот, како најголема жртва, и самиот, господинот Зијадин Села рече дека таму има луѓе кои невини лежат во затвор, самиот тој го кажа тоа – вели Мицкоски.
Мицкоски заклучи дека треба да се види кој доби, а кој загуби од сите тие случувања. ВМРО-ДПМНЕ жестоко загуби, а тој којшто направи Влада беше Зоран Заев, па по тоа треба да станат јасни многу работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.