Потребни се промени и промените ќе дојдат во годината што следи, силата е во народот, порача Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ во последното обраќање до јавноста оваа година.

Тој на сите граѓани на Македонија и посакува среќни и весели Новогодишни и Божикни празници.

Во 2021 – ва, ви посакувам да го сочувате своето здравје и да соберете сила, бидејќи тоа ќе биде година на промени кои ќе ви донесат повеќе задоволство, зголемени радости и среќа, која секогаш ги следи храбрите.

Ви посакувам cреќни и весели новогодишни и божиќни празници! Да сте живи и здрави, да живее Македонија!, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.