Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ ги повика сите жители на Македонија да застанат заедно во борбата против власта. Според него, победата на парламентарните избори е јасна и 12 април е денот кога оваа власт ќе падне.
Дојдете и придружете ни се сите, од прв до последен сте добредојдени, дали сте Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи. Дојдете застанете со нас да се бориме и да победиме. Победата е јасна и јасно се гледа на крајот од овој пат. 12 април е денот. 12 април е денот кога ќе ги поразиме толку жестоко, што нема да знаат што ги снашло. Ајде заедно да ја победиме оваа влада во Македонија, бидете дел од револуцијата предводена и наречена #ОбноваНаМакедонија, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.