Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицскоски денеска го посети селото Глуво каде се празнува Св. Атанасиј.












Бев во селото Глуво каде се чествува празникот Св. Атанасиј. Преубава традиција која жителите ја чуваат и практикуваат со децении. Но, она што ги тишти е тешкиот живот, болното секојдневие, сиромаштијата. На жителите на Глуво, на општината Чучер Сандево и треба развој, нови работни места, економска сила и обнова. Додека владата е посветена на рекет, луѓето овде едвај врзуваат крај со крај. Индустриското производство паѓа за речиси 6 проценти, државата оди во амбис.Тоа мора да престане,тоа мора да се смени, 12 април е датумот после кој ќе се сменат работите. Обновата доаѓа, напиша на својот фејсбук профил Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.