Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на митинг се обрати пред граѓаните во Македонски Брод.
Мицкоски пред присутните потенцираше дека овие претседателски избори не се обични избори, туку многу повеќе од тоа, бидејќи Македонија е во прашање, на овие избори се носи одлука дали ќе продолжиме да живееме во понижена, омаловажена и уништена држава каква што сега ја направи СДСМ.
Од една страна ја имаме нашата праведна, честита, сенародна битка против заевизмот, олицетворена во професорката Гордана Силјановска Давкова,а од друга страна го имаме оној избран на мафијашки начин во скап скопски хотел од деспотот Заев, Стево Пендаровски симбол на завидлизмот. Изборот е јасен ќе победи најголемата коалиција, а тоа е коалицијата со народот и професорката Гордана Силјановска Давкова, посочи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.