Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски е изненаден од веста дека ресорот образование ќе оди во редовите на ДУИ.
-Ме чуди денешната изјава дека образование оди кај ДУИ, затоа што очекував дека партијата која ја промовира зелената агенда нема да бега од Министерството за земјоделство, а сега слушаме дека тој ресор ќе оди во СДСМ, вели Мицевски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.
Според него, ова се должи на фактот дека „оваа влада не се базира на принципи и размислување за европските перспективи, туку едноставно на поделба на ресори, улоги, функции и тендери на сите инволвирани во работата на владата“.
Актуелниот министер за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири денеска информираше дека ќе биде иден министер за образование и наука во новата влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.