Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски пред малку го напушти Парламентот во скафандер и појасни дека ќе се врати, но морал да излезе поради тоа што „така налагале протоколите“.
Мицевски не прецизираше во колку часот ќе се врати, а на прашање дали ќе обезбедат 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски веќе дал изјава за тоа.
Мицевски и пратеничката Ангелика Петкова од ВМРО –ДПМНЕ кои се позитивни на Ковид-19, пред почетокотна седницата, облечени во скафандери пристигнаа во Собранието, за да присуствуваат на денешната собраниска седница.
Извор: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.