Ние како пратеничка група дел од средствата, примањата на пратениците ќе ги донираме за справување со корона кризата, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21.

Гледаме што се случува и сакаме да помогнеме. Помагавме и претходно за клучни работи, ќе помогнеме и сега и ќе ги донираме парите за справување со последиците. Но и апелираме до владата дека тоа не се пари за неа, туку за оние на кои им е најпотребна, посочи Мицевски.

Според него парите кои се донираат мора да бидат транспарентно потрошени.

Владата мора тие пари да ги дава на оние на кои помош им е потребна, а потребна е меѓудругото на медицинските лица кои немаат доволно и соодветна опрема, тука е и полицијата, армијата. Потребна е пред се на оние кои се на првата линија за справување со кризата, рече Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.