Вечерва Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ свое обраќање имаше за дневникот на телевизија Сител. Мицевски истакна дека пратеничката група на ВММРО-ДПМНЕ ќе работи институционално, но нема да дава поддршка во обезбедување на кворум.

„Јас уште на првата конститутивна седница реков ако утрото по денот се познава, тешко е дека ќе имаме добар ден. Новата Влада предводена од СДСМ има многу тенко мнозинство, и тоа се гледа на сите седници кои што досега се одржаа“, нагласи Мицевски.

Мицевски додаде дека како опозиција, ВМРО-ДПМНЕ укажа дека владиното мнозинство има проблем на редовно функционирање на Парламентот од причина што 62 пратеника се многу малку за редовно одржување на самото Собрание и негова работа.

Ние како опозиција ќе бидеме присутни, ќе дејствуваме во рамките на Парламентот, институционално, но во никој случај да не се потпираат на обезбедување кворум од страна на опозицијата, и после тоа обвинување на опозицијата за нефункционирањето на институциите – рече Мицевски.

Мицевски посочи дека таков случај имало денес во парламентот каде што владиното мнозинство се обиде да ја наклевети опозицијата дека таа е виновна за нивното нефункционирање.

Не присуствувавме на пленарната седница од причина да испратиме порака, ќе си соберат пратениците, 62 на број, толку е моментално владејачкото мнозинство, да си бидат присутни на седниците и да работат. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше присутно во Собранието, ние впрочем и учествувавме на самата Комисија за верификација на мандатот на колешката, со една цел да испратиме порака дека институционално ќе работиме, меѓутоа нема да даваме поддршка во обезбедување на кворумот – нагласи Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.