Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски денеска од Собранието порача дека пред Македонија е голема работа, а се надева дека ќе има и нови предвремени парламентарни избори.
Состојбата во државата е сериозна. Не е време за славење. Македонија во наредниот период ќе ја зафати енергетска криза, како што се случува во многу земји. Економијата тоне во државата. Ќе се обидеме да направиме ново парламентарно мнозинство. Ако не успееме, најдобро е да има нови предвремени парламентарни избори, рече Мицевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.