Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски ги нарече пратениците од СДСМ и ДУИ криминалци, а повторното гласање криминално, противуставно и неделовничко.

Криминалци! Криминалци! Бараме процедурално! Криминалци! Криминалци! Нема што да внимавам, ова што го правите… Ви побарав процедурално додека се обраќаше колегата Ферид Мухиќ. Го занемаривте тоа. На првото гласање повикавте да се гласа, пратениците гласаа. Од 113 присутни, 74 гласаа ЗА, 32 против. Согласно закон, Законот за ЈО не е донесен, затоа што се гласа со 80 пратеници. Немате право да повикате и на поединечно гласање, и од таа причина барам да констатирате дека не е успешно гласањето и ова законско решение не е донесено . Од тука натаму сето тоа што го направите е кршење на Деловникот, кршење на Уставот и сето ова што го рпавите е продолжување на начинот на којшто дојдовте на власт. Вие се дрзнавте и да констатирате дека второво гласање е завршено и законот е усвоен. Срамота – жестоко реагираше Мицевски на објавата дека Законот за ЈО е усвоен со 80 гласа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.