Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 1350 амандмани, а вкупно од целата опозиција имаме околу 3000 амандмани. Тоа е едноставно крик на опозицијата врз основ на неуставноста и неделовничкиот начин на однесување и врз основа на она што го прави власта во изминатиот период, одговори на новинарско прашање кординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
Ние преку процесот Жан Моне разговаравме преку европски вредности за донесување на Деловникот, со консензус. За жал тоа не беше послушано од страна на власта и единствен начин за одбрана на Уставот и Деловникот во Собранието е поднесување на огромен број на амандмани за блокирање на самата седница.
Се додека вака насилнички и неуставно се однесува власта, тоа ќе биде реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, дециден беше Мицевски.
Онлајн Собрание во моментов не може да се одржи во Република Македонија, одговори Мицевски на друго прашање.
На кој начин би поминал предлогот во Собранието, навистина не ми е јасно затоа што во Деловникот јасно пишува на кој начин се одржуваат седниците и во Уставот на Република Македонија, во членот 69 јасно стои дека присуството на самите седници на пратениците е внатре во салата, вели Мицевски.
Онлајн Собрание во моментов не може да се одржи во Република Македонија. Во врска со она за што не обвинува власта во овој момент, јас ќе Ве потсетам и ќе побарам од Вас медиумите да ја побарате седницата од 18 јануари 2007 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, а СДСМ тогашна опозиција, таа поднела околу 5000 амандмани за блокирање на Деловникот.
Така да, однесувањето на СДСМ кога се на власт и кога се во опозиција е сосема различно. Затоа обвинувањата дека ВМРО-ДПМНЕ кочи некој процес не е во ред, затоа што донесувањето на Деловникот се прави консензуално и пред се’ со почитување на Уставот и Деловникот, истакна Мицевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.