Пирова ви е победата, и со победата се соочувате секојдневно. Затоа што уште не можете да одберете потпретседатели на Собранието, заменици министри, од причина што сте уценувани како владејачка партија од сите структури во државата, нагласи Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“ при своето гостување во емисијата „Топ Тема“.
Мицевски додаде дека СДСМ пред избори велеше дека кадрите на ДУИ се криминалци и треба да заминат во опозиција, а сега направија заедно влада.
Дали се тоа истите тие криминалци кои што ги нарекувавте, кои што ви седат во различни ресори во Владата, дали се тоа истите тие криминалци кои што од ДУИ ги планирате за заменици министри и за директори на поголемите јавни претпријатија во државата – запраша Мицевски.
Мицевски посочи дека само СДСМ може се и сешто да ветува на граѓаните пред избори, и на крај ништо да не исполни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.